Помпео: Северна Кореја пак произведува материјал за нуклеарни бомби

LinkSense.mk

Северна Кореја продолжува да произведува фисиони, материјал за нуклеарни бомби, и покрај ветувањето за денуклеаризација, предупреди американскиот државен секретар Мајкл Помпео.

Тој, одговарајќи на прашања на американски сенатори во Вашингтон, одби да каже дали Северна Кореја и понатаму работи на производство на балистички ракети кои се лансираат од подморници и дали севернокорејската нуклеарна програма генерално напредува, пренесува Ројтерс.

Како што рече Помпео, јавните изјави за тоа прашање не би помогнале во „комплексните преговори со тешкиот непријател“.

Сепак, тој напомена дека во преговорите со Пјонгјанг се бележи напредок после самитот на претседателот на САД, Доналд Трамп и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, одржан на 12 јуни.

Соединетите Американски Држави, наведе Помпео, се ангажирани во „стрплива дипломатија“ за да ја убедат Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје, но нема да допушти тој процес „да заврши во ќорсокак“.