Поразителни бројки: Повеќе од 100.000 Американци умреле од дрога

LinkSense.mk

Повеќе од 100.000 Американци починале од последици од предозирање со дрога во една година – што е досега незабележано, а здравствените официјални лица тоа го доведуваат во врска со пандемијата од ковид-19 и присуството на уште поопасните опијати во системот со снабдување со дрога.

Смртноста од последици од предозираност во Соединетите Американски Држави расте веќе подолго од две децении и, според најновите податоци, порасна за речиси 30 отсто во последната година.

Врз основа на најновите достапни податоци од матичната книга на умрени, американскиот Центар за контрола и превенција од болести проценува дека 100.300 лица починале од дрога од мај 2020 до април 2021 година.

Центарот претходно извести дека во 2020 година имало околу 93 илјади случаи на предозирање, што тогаш било најголем број забележан во една календарска година.

Роберт Андерсон, шефот за статистика во институцијата, при соопштувањето на информацијата рече дека бројот за календарската 2021 значително ќе биде зголемен и тој навистина не погреши во проценката.

Експертите веруваат дека главните двигатели на овој раст е се поголемата распостранетост на смртоносниот „фентанил“ меѓу недозволените опијати, а и пандемијата со корона вирус, заради што многу корисници на дрога беа социјално изолирани и не се во можност да добијат лечење или друга поддршка.

Бројот е поразителен. Тоа е размер на смртни случаи од предозирање кој никогаш порано не сме го виделе во земјата“, изјави Кетрин Киз, експерт од Универзитетот Колумбија за прашања за злоупотреба на дрога.

Смртноста од последици од предозирање со дрога сега ја надминува смртноста од сообраќајни несреќи, оружје, па дури и од грип или воспаление на белите дробови.