Американскиот претседател Доналд Трамп го предложи Џим Брајденстин (42), поранешен морнарички пилот и републикански конгресмен, за директор на американската вселенска агенција НАСА, соопшти Белата куќа.
Брајденстин е конгресмен од Оклахома, член на Одборот на Сенатот за вооружените сили и Одборот за наука, вселенска програма и технологија.
Искуството го стекнал главно во војската како пилот во борбените мисии во Ирак и Авганистан, како и во времето додека бил член на силите на морнарицата кога извршувал работи во неколку мисии против нарко картелите во Централна и Јужна Америка.
Бил извршен директор на Воздухопловниот вселенски музеј во Тулс и на планетариумот, а припадник е на Воздухопловната национална гарда на Оклахома.
Брајденстин веќе долго важи за фаворит за челник на НАСА, што предизвика негодување кај некои сенатори кои се сомневаат во неговите квалификации да предводи толку висока софистицирана технолошка и многу комплексна агенција, пренесува АФП.
Предлогот за неговото именување треба да го потврди Сенатот.







