Поранешен тренер на Мареј го менува Бекер?

Борис Бекер брзо најде нова работа, коментатор на Евроиспорт, а според пишувањето на романските и италијанските медиуми ниту Новак Ѓоковиќ долго не чекаше.

Според нивните наводи австралискиот експерт Дарен Кејхил ќе биде замена за Германецот.

Тој некогаш работеше со Енди Мареј, Лејтон Хјуит, Андре Агаси, Ана Ивановиќ, Фернандо Вердаско и други.

Моментно соработува со Симона Халеп, иако медиумите истакнуваат дека во јануари ќе ја раскине соработката за да почне да работи со српскиот тенисер.

Осве Кејхил меѓу кандидатите се споменуваат Пит Сампрас, Џон Мекинро, Патрик Рафтер, некои пак на листата можни тренери на Ѓоковиќ го додаваат и Матс Виландер.