Пораст на дневните теператури во наредните денови

LinkSense.mk

До петок ќе се задржи стабилно време со пораст на температурите. В петок кон крајот на денот и в сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од минус 1 до минус 11 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 6, а дневната до 6 степени.

В сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, информираат од УХМР.

 

 

МИА