Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Порфириј: Важно е да се надмине расколот со Македонската црква
Македонија

Порфириј: Важно е да се надмине расколот со Македонската црква

март 3, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Суштински ми е важно да се надмине расколот со Македонската црква. Оваа тема останува отворена и верувам дека ќе се дојде до решение кое ќе биде во согласност со каноните, без мешање на политиката, изјави новиот патријарх на СПЦ Порфириј во интервју за РТС.

Прашан за изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дадена неодамна за МИА дека очекува новиот српски патријарх да покаже повеќе разбирање за да биде решен статусот и МПЦ-ОА да добие автокефалност, Порфириј одговори дека „нема да има ни помалку ни повеќе разбирање од неговите претходници”, цитирајќи латинска поговорка: „нема да биде нова ствар, но може да биде нов начин”.

– Секој од нас остава свој сопствен печат. Секако дека суштински ми е важно да се надмине расколот со Македонската црква. Нашата црква по Нишкиот договор најде решение за охридски архиепископ да го постави Јован, и сите православни верници имаат можност за учество во литургиски живот, но таа тема останува отворена. Верувам дека нашиот собор секогаш ќе биде спремен да се дојде до решение кое ќе биде во согласност со каноните, без какви било политички притисоци кои уште од самиот почеток на расколот, а и денес за тоа прашање ги има, изјави патријархот Порфириј.

За случувањата околу црквата во Украина, рече дека нема притисоци ниту од Цариград ниту од Москва, но оти СПЦ е на страната на Руската црква.

– Ние сме автокефална црква со свој поредок. Сите православни цркви се наши сестри. Ние сме секогаш на страната на каноните и црковниот поредок. Сметаме дека постапките на Цариградската патријаршија во однос на Украина, не се во согласност со преданијата на црквата и во таа смисла можеме да кажеме дека сме на страната на Руската црква. Ние сме на страната на поредокот и каноните и тука Руската црква е обесправена, истакна Порфириј.

За тоа дали по примерот на украинската, може да се очекува автокефалност да добијат и други цркви – македонската, црногорската…,

Порфириј вели дека не е пророк за да каже што ќе се случи, но се надева дека ќе нема слични постапки како во Украина, зашто тие предизвикале големи потреси во односите меѓу помесните цркви и оти тоа ќе биде лекција што ќе ги отрезни сите.

– Се разбира кога ќе се појават проблеми, мора да се разговара и да се остави на времето, не наше, туку на времето Божје да се воспостави поредокот, изјави новиот патријарх на СПЦ Порфириј.

актуелно македонска црква порфориј ракол
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.