Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посета на командантот на НАТО за Европа

Поради официјалната посета на командантот на Здружените сили на НАТО за Европа, адмирал Роберт Бурк и денеска ќе има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.