Посебен сообраќаен режим во Скопје

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавено одржување на протест, денеска со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

ФОТО: МИА