Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Посетата на папата нема да го спречи лекувањето на пациентите во Клинички
Скопје

Посетата на папата нема да го спречи лекувањето на пациентите во Клинички

мај 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за здравство информира дека за време на посетата на Папата Франциск, пациентите од целата држава непречено ќе ги добијат сите потребни здравствени интервенции и со посебен план на министерството, соодветно ќе се одговори на сите итни медицински потреби на граѓаните.

Клиничкиот центар во Скопје, стои во денешното соопштение од Министерството за здравство, ќе биде прилагоден на посебните меѓународни стандарди кои се применуваат во сите земји кои ги посетува Папата, со цел најпрофесионално и најбрзо да се одговори на евентуални медицински потреби на високата делегација предводена од Папата. Паралелно, се посочува, Министерството за здравство има изработено посебен план со кој ќе им овозможи непречена здравствена заштита на
сите граѓани кои ќе имаат потреба.

Од Министерството за здравство апелираат до сите граѓани да се упатуваат во Градската општа болница „8 Септември” (Воена болница), за сите здравствени потреби, како и во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) за сите потреби поврзани со дигестивна хирургија, трауматологија, ортопедски болести, реанимација и интензивно лекување, урологија и неврохирургија.

„Овие здравствени установи ќе бидат со полн капацитет и полна мобилност тој ден, со цел да одговорат на потребите на граѓаните, се подвлекува во соопштението.

Клиничкиот центар останува отворен, што значи дека сите граѓани со итни потреби до кои нема да стигне апелот за користење на болниците „8 септември“ и „Св. Наум Охридски“ и кои сепак ќе се упатат кон Клинички, ќе бидат прифатени и ќе добијат интервенција.

Исто така, граѓаните можат да се упатат кон Клиничкиот центар и за сите услуги на Клиниката за детски болести и на Клиниката за гинекологија и акушерствo.

Поради посебниот режим на сообраќај, приватните возила нема да имаат пристап до паркинзите на Клинички центар, и кон него ќе се пропуштаат само возилата на Итната медицинска помош.

Како што стои во соопштението, забраната за пристапување со приватни возила во кругот на Клинички центар, ќе почне на 6 мај 2019 година во 18:00 часот и ќе трае 24 часа, поточно до 18:00 часот на 7 мај.

Министерството за здравство информира дека поради посебните протоколи поврзани со посетата на Папата, сите редовни прегледи на клиниките во Клиничкиот центар кои граѓаните ги имаат закажано за 7 мај во рамки на „Мој Термин“, ќе бидат презакажани во најбрз можен рок, во деновите почнувајќи од 08.05.2019 година.

„Министерството за здравство ги замолува пациентите за разбирање и ги известува дека ќе ги задолжи Универзитетските Клиники да ги информираат пациентите за најбрз можен термин за одложениот преглед, односно хируршка интервенција, се стои во соопштението.

актуелно клинички непречено пациенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.