Николај Денков поднесе оставка, според планот, после девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата на неговиот коалициски партнер да ја води земјата.Неговото писмо за оставка вчера беше предадено во парламентот, информираа од владата во Софија.Не е сеуште познато кога парламентот ќе гласа за оставката на Денков и владата што тој ја предводеше.
„Владата ќе продолжи да работи… додека не се избере нова влада“, рече Денков во својот говор вчеравечер.
Овој потег го отвора патот за поранешната еврокомесарка и поранешна вицепремиерка, Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, да дојде на чело на владата.
Денков, од центристичката партија Ги продолжуваме промените (ПП), сега треба да стане нејзин заменик.
После парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои избија на врвот направија договор за поделба на власта, според кој должноста на премиерот е ротирачка.
Со усниот договор беа избегнати шестите парламентарни избори во рок од две години.
Бугарија доби влада која, велат од Софија, спроведувала проевропска и НАТО политика. Но, договорот може да биде на несигурна основа, бидејќи и двата табора со недели се расправаат за позицијата министер за надворешни работи и за поделбата на другите министерства.
(Фото: БНР)







