ПОСЛЕ СКАНДАЛОЗНОТО ИНТЕРВЈУ: Судот му го одзеде пасошот на Латас

LinkSense.mk

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека на новинарот Драган Павловиќ – Латас привремено му се одзема патната исправа и му се воведува забрана за јавен настап.

Забрана за јавен настап Судот доби и водителот на спорното интервју, во кое беа изнесени низа недолични работи, Стефан Лазаров. Нему му се забранува „преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело“, односно забрана за настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Одлуката на судот доаѓа откако скопското Основно јавно обвинителство покрена обвинение против двајцата за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Против двајцата веќе е оформен предмет кој, согласно АКМИС системот, е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од кривичниот оддел.