Потона најголемиот ирански воен брод

Најтешкиот ирански воен брод „Карг“ потона денеска после пожарот кој избувна во текот на вежбата во Оманскиот залив. Во инцидентот нема загинати, соопштија иранските медиуми.

Повеќе детали за случајот нема, а бродот потона во регионот каде што и порано имаше обвинувања за напади на бродови кои им припаѓаат на Иран и Израел, пренесе Ројтерс.

Иранската државна телевизија јави дека „Карг“ почнал да гори ноќта околу 2.25 часот, во близина на пристаништето Џаск, каде што беше на вежба.

Спасувачките операции траеја со часови.

(Фото: АП)