Потоп од Њујорк до Тенеси: Загинати барем 22, многу исчезнати

Додека во Тенеси поплавите причинија смрт на 21 лице, повеќе од 120 илјади американски домови на североистокот на САД останаа без струја по доаѓањето на тропската бура Хенри на Род Ајленд.

На милиони луѓе им е речено да се подготват за удари на бранови, поплави, соборени дрва и далекуводи. Белата куќа им одобри помош на низа држави.

Десетици луѓе и понатаму се водат за исчезнати во градот Вејверли, што е на околу 90 километри западно од Нашвил, после она што локалните новинари го опишаа како врнежи без преседан. Водата продирала во домовите, носела автомобили, а патиштата и мостовите се оштетени. Раселените се прифатени во училиштата, од каде што се упатува молба за донации за домаќинствата.

Американскиот претседател, Џо Бајден, им изрази „најдлабоко сочувство“ на погодените и одобри помош за Род Ајленд, Конектикат и Њујорк, кои го очекуваат ударот на бурата Хенри.

Оваа бура има потенцијал за предизвика огромни последици во целата регија со поплавите и прекините во напојувањето со електрична енергија, со кои би можеле да бидат погодени стотици илјади луѓе“, рече шефот на Белата куќа.