Почина Горјан Тозија

LinkSense.mk

Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68-годишна возраст. Тозија во
својата богата кариера бил државен секретар во Министерството за култура и
советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на
Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година директор на „Вардар
филм“.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.