Почина заменик-градоначалникот на Град Скопје Енвер Малиќи

– Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи почина од компликации предизвикани од вирусот Ковид 19. Енвер Малиќи беше избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција. Во декември 2017 година беше избран за заменик градоначалник на Скопје. Малиќи го заменуваше градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ги извршуваше сите обврски и ги имаше сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон.

Малиќи беше долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „ГЕМАК Трејд“, како и на хотелот „Парк Хотел и Спа“.

По повод смртта на Малиќи, преку Фејсбук проштални зборови упати скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател !

Почивај во мир Енвер, пријателе мој !,напиша Шилегов.