Почина затвореник во „Идризово“

Дваесет и едногодишниот А.Р. од Скопје, во саботата околу 20 часот е пронајден во бесознание во неговата ќелија, во затворот „Идризово“, по што бил пренесен во Клиниката за токсикологија каде лекарите само констатирале дека момчето е починато.

Тело на А.Р. е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Годинава ова е четврти смртен случај на затвореник во затворот „Идризово“.

Во јануари, 48-годишен маж почина во затворската амбуланта откако се пожалил на болки во градите. Претходно, 73-годишен маж почина на скопските клиники откако итно бил пренесен од затворот, а 56-годишник, кој подолго време боледувал од карцином, почина на Клиниката за токсикологија.