Почина уште еден од повредените од автобуската несреќа на КАРИЛ

LinkSense.mk

Бројот на загинати во трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци се искачи на 15, откако почина уште еден маж кој бил примен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар.

Како што известија здравствените власти, во критична состојба се уште пет пациенти, меѓу кои и 20-годишна девојка на која вчера ѝ беше ампутирана ногата.

Дел од повредените се лекуваат во болничките центри во земјава, а тие со помали повреди се пуштени на домашно лекување.