Почина Ферус Мустафов

LinkSense.mk

Синоќа починал легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов.

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“.

Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари.

Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство.

Неговата професионална кариера започна на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.