Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна развивањето на вакцина против новиот коронавирус
Во Фокусот

Почна развивањето на вакцина против новиот коронавирус

јануари 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кинескиот центар за контрола и спречување на болести започна да развива нов вид вакцина против вирусот корона 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија, објави „Чајна Дејли“.

Во написот се посочува дека научниците во центарот успешно го изолирале вирусот и работат на избирање на вистинскиот сој на вирус за производство на вакцина.

„Истражувањето и развојот на вакцинатза новиот коронавирус, кој предизвика епидемија во Кина, е на пат, рече Су Венбо, директор на Институтот за контрола на вирусни болести во центарот.

На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за појава на епидемија на пневмонија од непознато потекло во градот Вухан, голем трговски и индустриски центар со 11 милиони жители. Патогенот, вирусот корона 2019-nCoV, беше идентификуван на 7 јануари.

А новиот коронавирус ги изненади научниците. Не знаат точно од каде почнал, иако се прошири на 9.500 километри од Вухан, каде првобитно се појави.

„Немојте да паничите доколку не сте платени да паничите, изјави епидемиологот Брендон Браун од Универзитетот во Калифорнија.

„Здравствените работници треба да бидат во состојба на готовност. Владите да им ги обезбедат ресурсите. Правовременото и точно информирање на јавноста е клучот, вели Браун и додава: А вие останатите, слободно дишете.

За овие три седмици од појавата на вирусот, кој се прошири на над 1000 лица во 11 држави, научниците дознаа неколку важни работи.

Станува збор за коронавирус, роднина на патогенот кој предизвикува тежок акутен респираторен синдром (САРС) и Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), болести кои предизвика стотици смртни случаи низ целиот свет. Другите коронавируси не предизвикуваат ништо потешко од настинка.

Покрај луѓето, со коронавирусите можат да се инфицираат крави, свињи, мачки, кокошки, камили, лилјаци и други животни. Повеќето од првите жртви на новата епидемија рекоа дека посетиле голем пазар со сточна и морска храна во кинескиот град Вухан, што укажува на тоа дека вирусот преминал од различен вид на човекот.

Кога експертите го испитувале генетскиот код, откриле секвенца дотогаш целосно непозната на науката. Ова значи дека луѓето не биле во можност да развијат природен имунитет на коронавирусот наречен n-CoV2019.

Повеќето смртни случаи се луѓе над 50 години, со претходна хронична болест или ослабени од имунолошкиот систем.

„Досега немаме докази дека ова е поопасно од грип“, вели Мајкл Мина, епидемиолог од Харвард. – Повеќето луѓе, со пристојна медицинска нега, ќе бидат во ред, вели тој.

„Всушност, можно е стотици или илјадници луѓе да се заразени во Кина или на друго место, но со толку благи симптоми што никој не ги забележал, додава Том Инглсби, директор на Центарот за јавно здравје Џонс Хопкинс.

Епидемиолозите сега се обидуваат да откријат кога новиот коронавирус се стекна со можност за пренесување од човек на човек, бидејќи пазарот во Вухан, кој се смета за почетна точка, јасно е дека веќе не е извор на ширењето на епидемијата.

Здравствените работници очекуваат ширењето на човек на човек да продолжи на краток рок, што значи дека ќе се појават нови случаи низ Азија, во САД, евентуално во Европа.

Откако го добиле геномот на коронавирусот, на научниците им  биле потребни  24 часа да развијат дијагностички тест.

Ова води до друг аргумент дека треба да се избегнува паника. Брзото зголемување на бројот на заболени може да доведе до заблуда. Пред да се изготви дијагностичкиот тест, лекарите немаа сигурен начин да ја разликуваат вирусната инфекција n-CoV2019 од некој друг што предизвикува пневмонија. И тоа значи дека бројот на регистрирани случаи сега ќе порасне.

„Слушате за 300 нови случаи, но можеби тие 300 биле од претходно. Зголемувањето на бројот на пациенти може да не значи ширење на вирусот, туку подобра детекција, констатира Мина.

актуелно вакцина коронавирус развивање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.