Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува исплатата на повратот на ДДВ, граѓаните што скенирале ќе добијат 8,567 милиони евра
Економија

Почнува исплатата на повратот на ДДВ, граѓаните што скенирале ќе добијат 8,567 милиони евра

февруари 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Почнува исплатата од МојДДВ за второто тримесечје, односно за периодот октомври, ноември и декември 2019 година. На 197.819 граѓани ќе им бидат вратени 238.075.865 денари.

Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која оцени дека мерката дава резултати, односно дека е популарна меѓу граѓаните и оти се бележи раст на наплата на ДДВ во перидот откако почна да се применува.

Мерката МојДДВ се применува од 1 јули 2019 година. До 31 јануари 2020 година апликацијата за скенирање фискални сметки ја имаат преземено 236.442 граѓани, скенирани се 66.885.228.000 фискални сметки, со вкупен промет од 32.456.740.434 денари, со вкупен ДДВ од 3.512.292.634 денари и поврат од 15 отсто е во износ од 526.843.896 денари, односно 8,567 милиони евра.

Лукаревска рече дека заклучно со 31 декември 2019 година исплатени се пари на 147.251 граѓанин во вкупен износ 157.780.662 денари и додаде дека се уште е во тек исплатата за првото тримесечие за оние граѓани кои имале грешки и направиле корекција на своите  трансакциски сметки.

-На секој граѓанин кој скенирал фискални сметки му следува поврат ДДВи ќе го добие повратот на својата трансакциска сметка, рече Лукаревска.

Таа потенцира дека мерката покрај повратот на ДДВ кај граѓаните ја исполнува и другата цел, намалување на сивата економија.

-Наплата на ДДВ е остварена во износ од 52 милијарди денари во 2019 година, што е за 5,7 проценти повисок од остварениот износ во 2018 година кога наплата на ДДв изнесува 49 милијарди денари. По воведувањето на МојДДВ, споредена со месеците јули-декември 2019 година со периодот јули-декември 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2 проценти, рече Лукаревска.

Оцени дека преку оваа мерка сме во одлична соработка со граѓаните кои редовно пријавуваат нерегуларности поврзани со неиздавање фискални сметки на линијата 198.

– Пријавувањето е зголемено, така што за неправилности од почетокот на оваа мерка имаме вкупно 1687 во однос на периодот јули-декември 2018 година кога имало 741 пријава, рече Лукаревска.

Таа посочи дека во спроведените контроли констатирани се неправилности, како неиздавање фискални сметки, користење компјутерски сметки, непоседување на резервен фискален систем на опрема, како и непоседување и неевидентирање на податоци во книгата за дневен фиснансиски извештај и итна сметководствена книга.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека Управата за јавни приходи има направено контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска поради трасакцијата од 250.000 евра и дека кога ќе заврши целата постапка ќе соопштат подетална информација.

-Ние во конкретната фирма која што беше поврзувана   со конкретното физичко лице имаме спроведено и контрола, баш заради оваа трансакција. Исто така, странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација. За подетална информација ќе известиме штом заврши целата постапка, рече Лукаревска.

Во врска со случајот со инспекторот во УЈП Тетово кој беше приведен поради примање поткуп, рече дека станува збор за изолиран случај што не е честа појава во општеството.

-Очигледно дека станува збор за изолиран случај којшто не е честа појава во општеството. Генерално во УЈП максимално сме посветени на транспарентно и законито работење на сите инспектори и даночни контролори. Сепак, секој инспектор си одговара сам за себе колку ги почитува законските одредби и колку ја злоупотребува својата службена должност. Му благодарам на обврзникот што се охрабрил да го пријави ова дејство. Понатаму ќе видиме како ќе се одвива целиот овој процес за инспекторот којшто е и поранешен управник на Регионалната дирекција – Тетово, рече Лукаревска.

актуелно ДДВ исплата
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.