Почнува реформа на руската војска

Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, најави покренување на проект за повторно воведување на воени комесаријати и регрутни пунктови во сите делови на земјата, пишува новинската агенција РИА.

Според неговите зборови, тоа е неопходно за да можат регрутите да стапат во војска, не под притисок или со повик, туку по слободно изразена волја.

Воените комитети во војската се како гардеробите во театарот“, рече Шојгу.

Шојгу во текот на состанокот со гувернерот на Тверската област, Игор Рудениј, праша дали една година ќе биде доволна за спроведување на проектот, и доби уверување дека тоа е можно и за многу покусо време.

Претходно беше објавено дека Шојгу тргна во ненајавена инспекција на еден регрутен пункт во Москва, и дека бил незадоволен од недостатокот на компјутери, заради што ги прекорувал вработените.

 

 

(Фото: АП)