Почувствуван земјотрес, епицентарот во Албанија

Силен земјотрес ја погоди соседна Албанија близу границата со Македонија утрово.

Во 03 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 145 km југозападно од Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML 4.0, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.