По изборот на новата Влада, официјално примопредавање на функциите

По синоќешниот избор на новата Влада за денеска е најавено и официјалното примопредавање на функциите.

Примопредавањето на премиерската функција меѓу техничкиот премиер Оливер Спасовски и новиот премиер Зоран Заев е закажано за 9 часот. Потоа новиот премиер заедно со членовите на Владата точно напладне ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски. Денешната агенда на новиот премиер Заев ќе биде заокружена со средба со бизнис заедницата.

Примопредавање за денеска е закажано и во министерствата за внатрешни работи, за правда и за култура, а изјава е најавена и од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.