По пандемијата, доаѓа нова закана за 150 милиони луѓе

– Светската банка предвидува дека оваа година бројот на екстремно сиромашни луѓе во светот може да се зголеми за 150 милиони.

Во Кенија, повеќе од две третини од населението се вработени во т.н. неформален сектор. Тоа значи дека тие немаат постојана работа, туку работат од време на време. Но, повеќето работни места се укинати поради рестриктивните мерки. Речиси никој нема финансиски резерви, а Кенија е една од економски постабилните земји на африканскиот континент. Во другите земји ситуацијата е уште полоша, пишува Дојче веле.

Светска банка прогнозира дека оваа година бројот на екстремно сиромашни во светот може да се зголеми за 150 милиони, од кои над половина се деца.

Само во една клиника на периферијата на Најроби, еден лекар месечно, во нормални услови, дијагностицира неисхранетост кај дваесетина мали деца. Сега тој број е многу поголем, пренесува „Јутарњи лист“.

 

МИА