По потерница од САД; Во Шпанија уапсен венецуелски шпион

Мадридската полиција соопшти деке денеска рано утрово е уапсен поранешниот венецуелски шпион Уго Карвахал по американско обвинение за трговија со наркотици, две години откако го избегна налогот за екстрадиција и исчезна.

Генералот Карвахал, кој повеќе од една деценија беше десна рака на Уго Чавез во венецуелската војска, уапсен е во мал стан во Мадрид каде што се криел, пренесуваат шпанските медиуми.

Во соопштението на мадридската полиција се наведува дека живеел потполно затворен, дека никогаш не излегувал од станот дури не се приближувал ниту до прозорците, а дека секогаш го штителе луѓе на кои им верувал.

Полицијата на социјалните мрежи објави и водео на кое се гледа како тешко вооружени полицајци му ставаат на Карвахал лисици на раце.

Шпанскиот Висок суд во 2019 година ја одобри испораката на генералот на Соединетите Американски Држави, каде што се соочува со федерални обвиненија во Њујорк и на Флорида заради наводни врски со колумбиските бунтовници кои ги контролираат рутите за шверц на кокаин.

Таа одлука е донесена откако понискиот суд го отфрли американскиот налог за апсење оценувајќи дека е политички мотивиран.

Карвахал во меѓувреме беше пуштен, по што тој едноставно исчезна.

Се огласи само еднаш, кога минатата година после протестот заради политизирањето на неговиот случај на социјалните мрежи објави дека „заминал во илегала“.

Претходно тој негираше каква било вина.

(Фото: АП)