Празнично примирје во Авганистан

Талибанците денеска прогласија тридневен прекин на огнот во Авганистан во текот на муслиманскиот верски празник Рамазан бајрам.

„На сите борци им е наредено да ги прекинат офанзивните операции за да обезбедат мирна и безбедна атмосфера како би можеле нашите сонародници да го слават овој радосен празник“, напиша портпаролот на Талибанците на Твитер, Мохамад Наим.

Изминативе денови во Авганистан дојде до ескалација на насилствата.

Во експлозија пред училиште во Кабул во саботата загина 68 лица, додека 165 беа повредени.

Соединетите Американски Држави испратиле дополнителни сили кои ќе ги заштитат американските и коалициските сили при повлекувањето на трупите од Авганистан.