Првиот авион на новата црногорска авиокомпанија Ер Монтенегро слета на белградскиот аеродром

Првиот авион на новата црногорска авиокомпанија Ер (Air) Монтенегро слета утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, со што е означен почеток на комерцијални летови.

Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ пристигна со авионот од Подгорица.

По банкротот на Монтенегро ерлајнс, Владата на Црна Гора ја основаше авиокомпанијата ТоМонтенегро, која лета под брендот Ер Монтенегро.