Презентација на заклучоците од националното истражување за далечинското учење во средните школи

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој денеска ќе ги презентира наодите и заклучоците од националното истражување за спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта, во втората половина од учебната 2019/20 година.

Националното истражување беше спроведено во периодот мај–јуни 2020, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, а опфати 407 наставници и 627 ученици од средните училишта од целата држава.

По презентацијата, анализата ќе биде испратена до надлежните институции и средните училишта, но ќе биде објавена и за пошироката јавност.