Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прекинат изборот за уставни судии, Јовески остана да чека
Македонија

Прекинат изборот за уставни судии, Јовески остана да чека

септември 14, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска ја прекина седницата, на која треба да продолжи расправата за кандидатурата на актуелниот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески, за уставен судија.

Седницата беше прекината по барање на заменик координаторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од опозицијата упатија критика до претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, поради тоа што вчера, по најавената пауза од 15 минути, не продолжи со работата.

„15-то продолжение на оваа седница во текот на вчерашниот ден имаше неколку сесии. После 17 часот, кога колешката Благица Ласоска заврши со процедуралното излагање, претседателката не извести дека ќе направиме кратка пауза од 15 минути. Во 17.54 часот, од службите на оваа Комисија добивме порака дека ќе продолжиме со работа во 20 часот. Во 19.40 часот добивме нова порака во која сме известени дека ќе продолжиме со работа во 21.30 часот, за да во 20.49 часот ја добиеме последната порака од собраниските служби дека Комисијата денеска ќе продолжи со работа. Се поставува прашање кој ја кочи работата на оваа собраниска Комисија“, рече денеска во процедурално обраќање пратеничката Дафина Стојановска.

Според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата од вчера покажува оти се погазени Деловникот, Уставот и Етичкиот кодекс.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, на ова одговори дека не го прекршила Деловникот и оти навремено известила за продолжението на седницата.

„Навремено ве известив дека ќе има продолжение на седницата, со цел и со намера да имаат време повеќе колеги да зборуваат, но заради одредени состојби, добивте порака дека седницата продолжува денеска во 9.30. Не сум дозволила на никого од колегите да му биде скратена можноста за реплика или за збор. Досега покажав дека соодветно си ја извршувам својата работа“, рече Георгиевска.

За следното продолжение на седницата, дополнително ќе информираат од матичната Комисија.

Инаку, Љубомир Јовески е последниот кандидат за кој треба да расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на судијата во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

актуелно Комисија седница собрание судија Уставен суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.