Преку шест милиони заразени од коронавирус во Индија

Бројот на лица заразени со коронавирус во Индија надмина шест милиони, откако во последните 24 часа беа регистрирани 82.170 нови случаи, соопшти индиското Министерство за здравство.

Според Министерството, бројот на смртни случаи е зголемен за 1.039 во последните 24 часа, на 95.542 лица.

Индија е на второ место според бројот на заразени, по САД, каде минатата недела бројот на заразени надмина седум милиони.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера објави дека бројот на лица заразени со Ковид-19 во САД се зголемил за 49.871, на вкупно 7.059.087, а бројот на смртни случаи за 853, на вкупно 204.033.

Бројот на заразени во светот достигна 32,88 милиони, додека бројот на смртни случаи достигна 992.953.

Од појавата на коронавирусот во Кина во декември минатата година, вирусот е регистриран во повеќе од 210 земји и области низ целиот свет.