Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, планира да го посети Сочи во понеделник, 31 октомври, заради состанок со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, изјави претседателот на ерменскиот парламент Ален Симонјан.
„Да, тој ќе оди (таму). Колку што јас знам, ќе оди“, одговори Симонјан на прашањето дали Пашинјан ќе биде на средбата со Путин и Алиев в понеделник.
Кремљ претходно одби да го открие точниот датум на планираната средба на Путин со Пашинјан и Алиев, кои се повикани во Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање на ТАСС кога би можело да се одржи споменатата средба, рече дека релевантните информации ќе бидат достапни подоцна.







