Претрес во струмичко Василево, пронајдена дрога

„Полициски службеници од СВР Струмица, денеска го лишиле од слобода Т.М. (36) од село Василево, Струмичко, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дополнуваат дека при претресот, во неговиот дом биле затекнати две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М..

Како што наведуваат од МВР, со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.