Претседателот на турскиот Парламент со честитка по повод Денот на независноста

Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на Северна Македонија.

Шентоп упати честитки до претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

Претседателот на турското собрание им го честиташе Денот на независноста на „пријателскиот и братски народ на Северна Македонија“.

Тој нагласи дека верува оти односите меѓу Турција и Македонија, како и блиската соработка меѓу парламентите на двете земји, во наредниот период уште повеќе ќе се развијат во секоја област, во насока на заедничките интереси на народите на двете земји, и ќе продолжат да придонесуваат во стабилноста на регионот.