Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Панама

LinkSense.mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Панама во Република Северна Македонија, Ана Марија Рејес Кастиљо, со седиште во Рим, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, посакувајќи ѝ успешен мандат, претседателот Пендаровски изразил уверување дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес и значителен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, во интерес на народите на двете земји.

Новоименуваната амбасадорка Ана Марија Рејес Кастиљо го пренесела интересот на Република Панама за изнаоѓање на заеднички иницијативи за унапредување на размената во делот на културната, трговската и научната соработка.