Претседателот Пендаровски го назначи Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во ООН

LinkSense.mk

Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија во Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

Со тоа претседателот ја прекина месечната блокада која ја правеше Комисијата за надворешна  политика во Собранието, и ги презема своите уставни надлежности во свои раце.