Приведени две лица кои предизвикале пожар на автомобил на кумановец

LinkSense.mk

Полицијата уапси две лица кои предизвикале пожар на возило на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 17:05 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода дваесет и седумгодишниот Б.Ш. и триесет и тригодишниот Ш. И, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 8 декември лани на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, соопшти СВР Куманово.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.