Приведени три лица за разбојништво и кражби во Скопје

Полицијата привела три лица кои извршиле разбојништво и тешки кражби во Скопје. Две од трите приведени лица се малолетни.

– На 1 октомври полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје приведоа три лица кои извршиле раззбојништво и тешки кражби на територијата на главниот град. Приведени се А.М. (22) и двајца малолетници, а расчистени и документирани се шест кривични дела: едно разбојништво и пет тешки кражби на дрзок начин, информираат од МВР.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.