Приведено лицето што нападна лекар на Клиниката за токсикологија

Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР за МИА.

Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото.

Осуда за нападот на лекарот, во објава на Фејсбук упати министерот за  здравство венко Филипче.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.

Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.