Приведен крадец од Битола, фатен при кражба на 260 литри нафта

LinkSense.mk

Во Битола утрово во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола, кој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште.

Како што информираа од МВР, кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.