Приведен разбојник од Скопје

Полициски службеници привеле скопјанец, кој минатата недела со употреба на физичка сила од лицето А.Ѓ. одзел чанта со пари и лични предмети.

Како што соопшти МВР, дваесет и шестгодишниот разбојник Д.Ј. бил уапсен во средата од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба.

– Д.Ј. е приведен и задржан во полициска станица, со него беа извршени разговор и препознавање. Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од министерството.