Приведен скопјанец баран со потерница

LinkSense.mk

Вчера од страна на полициски службеници од Оперативен тим за потраги при СВР Скопје, на подрачјето на Бит Пазар бил лишен од слобода С.Ш.(36) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело од чл.418 б ст.2 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. С.Ш. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.