Приведен тетовец за издржување затвор од 3,5 години за дрога

– Утрово е приведен 36 годишно лице од Тетово кој со наредба од суд се барал за издржување на три години и шест месеци затвор, информираа од тетовската полиција.

Тој бил приведен околу 8.30 часот на улицата Љуботенска.

-Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Ц.(36) од Тетово, кој со наредба од Основниот суд Тетово се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти СВР Тетово.

Приведениот ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната.