Притворен наставникот осомничен за полов напад врз ученичка

„Наставникот кој вчера беше пријавен дека бакнувал малолетничка во училиште заработи мерка притвор.

Според СВР Тетово, Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднело кривична пријава против Х.Р. (54) наставник во основно училиште во Гостиварско поради основи на сомнение дека сторил „полов напад врз дете не наполнило 14 години“ (член 188 од КЗ).

Тој сомничи дека на 29 јануари во периодот од 15 часот и 30 минути до 15 часот и 45 минути во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал, а потоа со неговиот телефон се фотографирал со девојчето.

Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје.