Притвор за дилер на кокаин од тетовско Доброште

На предлог на Обвинителството по спроведена истражна постапка, Основниот суд Тетово му одреди 30 дена притвор на 33-годишен жител на село Доброште, осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, кај осомничениот на 6 јули 2021 при извршен претрес овластени службени лица пронашле 4,71 грама кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба.

„Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети, соопшти Обвинителството.