Пријави за поставени бомби во судовите низ Хрватска

LinkSense.mk

Дојави за поставени бомби добија повеќе судови во Загреб, Вараждин, Дубровник, Сплит и Пула.Во тек е евакуација на вработените.

Во дојавите за наводно поставени експлозивни направи се споменува и владата на Хрватска, дека и тие ќе бидат цел на напади.

Полициски службеници за заштита од експлозиви ја проверуваат вистинитоста на пријавите и преземаат и други мерки и дејствија од својата надлежност.

„Во судот е поставена бомба. Ќе ја срушиме Владата на Хрватска. Ние не сме во војна со обичните граѓани. Ве молиме, напуштете ја зградата. Не ни треба смрт. Целта е – Уништување згради. Ве молиме не го игнорирајте нашето предупредување“, стои во пораката чиј потписник е „Отпор“ (Resistance), пренесува „Дубровачки вјесник“.

Од Владата за Индекс рекоа дека проверуваат за што се работи.

Дојавите во Загреб пристигнаа меѓу 9.10 и 9.30 часот.

Загрепската полиција соопшти дека утринава за само 20 минути била „информирана“ за поставување експлозивни направи на повеќе локации во градот, а во тек се проверки и процедури за да се утврди дали пријавите се лажни, како што било за сите досега.

Неколку стотици вработени во општинскиот и жупанскиот суд во Сплит, општинското и жупаниското државно правобранителство се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба. Дојавата за бомбата ја добиле преку електронска пошта во 9:24 часот.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Индекс.хр)