Дваесет и пет лица се пренесени во болница по истекување на гас за време на црковна служба во близина на северниот италијански град Торино.
Несреќата се случила за време на велигденското бдение во црква во општината Понт Канавезе на Велика Сабота, кога околу 50 луѓе изјавиле дека им се гади, јавуваат денеска локалните медиуми.
„Се испостави дека има истекување на гас. Пожарникарите ги евакуираа верниците кои беа на богослужба во црквата на безбедно, а церемонијата беше откажана. Службите за итни случаи им укажаа прва медицинска помош на луѓето“, објави весникот Ла Стампа.
Се наведува дека 25 лица, вклучително и шест малолетници, биле пренесени во блиските болници поради труење со јаглерод моноксид.