ПРКОСЕЊЕ НА СМРТТА: Соборен нов рекорд во одење по жица на височина

LinkSense.mk

Бразилскиот одач по жица, Рафаел Бриди, постави нов рекорд со одејќи повеќе од 500 метри меѓу две згради на повеќе од 100 метри над земјата во Сао Паоло.

Овој негов подвиг кој траеше 25 минути е нов рекорд во преминување на растојание по жица во урбаните средини во Америка.

„Не можам ни да се сетам за што размислував. Многу се концентрирав, посебно на своето дишење, напорот кој доаѓа од желудникот“, изјави Бриди за АФП, по неговиот подвиг во средата.

Истакна оти морал да го задржи опуштено држењето, за одењето да го направи задоволство, а не голем напор.

Овој 35-годишен експерт за одење по жица на височина одеше 510 метри по жица растегната на 114 метри над земјата, помеѓу две високи згради во во центарот на Сао Паоло.

Обидот на Бриди да соборување на рекордот, кој веќе го призна Гинисовата книга на рекорди, се совпадна со 469-годишнината од Сао Паоло, метропола со 12 милиони жители во југоисточен Бразил.

„Се чувствувам многу почестено, а мештаните ми покажаа дека сум добредојден“, рече Бриди, додавајќи дека тоа е рекорд за годишнината на Сао Паоло.

Бриди вели дека Сао Паоло бил импресивна глетка поради „толкава маса луѓе“.

„Погледнав надолу, видов луѓе во зградите и им мавнав. Луѓето ги изградиле овие згради, па зошто да не ги користат на некој друг начин, како на пример за одење по жица“, додаде Бриди.

Бриди, кој потекнува од јужниот град Флорианополис, навикнал на спектакуларни подвизи кои ѝ пркосат на смртта.

Во 2021 година, одеше помеѓу два балони на топол воздух на повеќе од 1.900 метри над земјата, соборувајќи уште еден рекорд.

Овој спортски фанатик не е посветен само на одење по жица.

Тој, исто така, трча, се качува по карпи, вози кану, сурфа и вози велосипеди како би можел, како што вели, „да го одржи телото секогаш во движење“.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)