Пробиена апликацијата РобинХуд, напаѓачите бараат откупнина

LinkSense.mk

Компанијата во чија сопственост е популарната апликација за инвестирање „РобинХуд“ соопшти денеска дека минатата недела бил пробиен нејзиниот безбедносен систем и дека хакерите пристапиле до личните податоци на околу седум милиони корисници и барале откупнина.

Во соопштението се наведува дека веруваат оти во нападот не се украдени броевите од социјалните осигурувања, банкарските сметки или кредитните картички и дека корисниците досега не пријавиле финансиски загуби.

Патем, надлежните од „РобинХуд“ додаваат дека од повеќето корисници кои биле изложени на нападот им биле одземени само мејл адресите или името и презимето и дека, откако нападот бил одбиен, „неовластената страна побарала исплата на откупнина“.

Компанијата ја известила полицијата и истрагата за инцидентот е во тек.

На апликацијата „РобинХуд“ има повеќе од 22 корисници, а околу 19 милиони активно ја користеле во текот на септември.