Продолжен притворот на градоначалникот на Ново Село

LinkSense.mk

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пред една недела беше фатен при шверц на цигари на македонско-бугарската граница, доби дополнителни 30 дена притвор.

Освен Стојчев, во притвор остануваат уште три лица, исто така осомничени за криумчарење.

Кривичниот совет при струмичкиот суд ја донесе одлуката откако основното јавно обвинителство против четворицата достави обвинение и предлог за продолжување на мерката притвор за нив.

Првото судско рочиште на кое ќе бидат сослушани обвинетите, според информациите што стасуваат од судот во Струмица, ќе се одржи до крајот на јули.