Утрово пристигнале нови дојави за бомби на електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп.
Екипи на Министерството за внатрешни работи ги евакуираа објектите и вршат антитерористички проверки.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се наведува во соопштението од МВР.
Минатата недела дојави за бомби имаше речиси секој ден во училиштата во Скопје, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп.
Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.
Досега сите дојави за бомби се покажаа оти се лажни.
(Фото: Мета.мк)